Големата надеж на српскиот ракометар Никола Зечевиќ ќе отсуствува подолго време од ракометните терени.
Капитенот на Партизан за време на Светското младинско првенство во Германија на четвртфиналето против Фарски Острови ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.
Левиот бек, кој дебитираше оваа година и за сениорската репрезентација на Србија, во четврток оди на операција на коленото и најверојатно неговиот камбек ќе биде дури во вториот дел од новата сезона.
Српскиот вицепрвак ќе мора да најде замена за Зечевиќ, бидејќи 21-годишниот ракометар беше еден од носителите на играта во црно-белите.
Партизан пред извесен период за нов предводник го назначи искусниот Ѓорѓе Чирковиќ.