Ужасни вести за Србија – тешка повреда на Зечевиќ!

Eден од најдобрите ракометари на младинската репрезентација на Србија, Никола Зечевиќ, доби ужасни вести.

Тој го заврши настапот на СП за младинци, а го чека и долга пауза од ракометните терени, најмалку девет месеци.

Според информациите на сајтот на Српската федерација, Зечевиќ на четвртфиналето против Фарски Острови ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.

Капитенот на Партизан, кој дебитираше оваа година и за сениорската репрезентација на Србија би можел да се врати на терените кон крајот на следната сезона.

Ова ќе биде голем проблем и за селекторот на младинците, Ѓорѓе Теодоровиќ. Зечевиќ заедно со Кос, Станисављевиќ и Роган беше меѓу носителите на играта, па тој ќе мора да бара други решенија за полуфиналето на СП.