Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, пред извесен период го заврши својот ангажман во италијанскиот шампион Јуниор Фасано.
Петровски, кој игра на позиција среден бек, а може да ја покрива и левата бековска позиција, е интересен за неколку македонски суперлигаши кои моментално се во преговори со битолчанецот.
25-годишниот ракометар на своја адреса има и неколку интернационални понуди, па така во следниот период ќе треба да одлучи дали ќе ја продолжи својата интернационална кариера или ќе му се врати во македонскиот ракомет.
Ракометарот од Битола во изминатата сезона со Јуниор Фасано го освои националниот шампионат во Италија. Неговиот довчерашен клуб во италијанскиот Куп стигна до финалето и на крај заврши како второпласиран.
Тој освен за Јуниор Фасано, на интернационално ниво настапуваше и за Гвадалахара од Шпанија, додека во Македонија го носеше дресот на првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, како и на Струга, во која мина краток перид.