Екипата на Македонија ЃП продолжува да го комплетира тимот за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
Прволигашот откако го промовираше Дамјан Миновски, денес го објави второто засилување.
Станува збор за десното крило Живко Петровски, кој редовите на „лавовите” ги засили од тимот на Шампион.
Македонија ЃП откако се раздели со Оливер Димитриоски реши за главен тренер да го назначи досегашен асистент на сениорскиот тим Дејан Коцев.
Изминатата сезона тимот од Ѓорче Петров избори пласман во прволигашкиот плеј-оф, парираше колку што можеше против поквалитетните екипи и заврши на 8. позиција.