Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер, ги доби ривалите за новата сезона во елитното натпреваруање.
Битолчани се најдоа во групата А и ќе играат против германскиот Кил, полскиот Келце, унгарскиот ПИК Сегед, францускиот ПСЖ, данскиот Алборг, хрватскиот Загреб и новиот норвешки дрим тим Колстад.
Македонскиот тим е во потешката група А, додека во групата Б ќе играат европскиот првак Магдебург, потоа Веспрем, Барса, Монпелје, како и Висла Плоцк, ГОГ Гудме, Целје и Порто.
Лигата на шампионите започнува на 13/14 септември, а до крајот на годината ќе бидат одиграни десет кола, додека останатите четири ќе бидат напролет во 2024 година.
Лига на шампионите, 2023/24:
група А: Кил, Келце, ПИК Сегед, ПСЖ, Алборг, Еурофарм Пелистер, Загреб, Колстад
група Б: Магдебург, Висла Плоцк, Веспрем, Барса, Монпелје, ГОГ Гудме, Целје, Порто