Продолжува сезоната на свадби, во кои главни актери и актерки се македонските ракометари и ракометарки.
Моника Јанеска, по склопувањето на граѓанскиот брак минатата година во Турција, направи свадба во Македонија.
Нејзиниот сопруг е Турчин, Акиф Мехмет Килдан, а на свадбената веселба присуствуваа многу од колешките на Јанеска.
Овој викенд ќе и остане во вечно сеќавање и на уште една македонска ракометарка – Марија Николиќ.
Таа и нејзиниот партнер Маријан Трајчевски, по романтичното запросување минатата година на островот Крф, денеска направија свадбена веселба и ја поделија својата среќа со најблиските.