Европската ракометна федерација ги објави 16 екипи што ќе играат во следната сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција. По три доаѓаат од Унгарија – ФТЦ, Ѓер и Дебрецин и од Данска – Оденсе, Икаст и Есбјерг.
21 екипа беа во конкуренција, а девет од нив имаа фиксно место во елитната конкуренција – Оденсе, Есбјерг, Кристијансанд, Мец, Битигхајм, Ѓер, Будуќност, Крим и ЧСМ Букурешт.
Вајлд карти добија екипите на Рапид Букурешт, Брест Бретањ, Икаст, Дебрецин, Ференцварош, Заглебје Лубин и Савехоф.
Петте екипи што не добија покана за ЛШ – Локомотива Загреб, Сола, Сторхамар, Нант и Кастамону ќе играат во групната фаза од Лигата на Европа.
Титулата ќе ја брани составот на Вајперс Кристијансанд.