17.06.2023, xgox, Handball - EHF Champions League - Halbfinale, SC Magdeburg - FC Barcelona v.l. Bennet Wiegert (Magdeburg, Trainer) Jubel, Torjubel, jubelt ueber das Tor, celebrate the goal, celebration Foto: Franziska Gora/Jan Huebner

Голем гест на Вигерт – сакаше да ја „додели“ титулата на Келце!

Финалето во Лигата на шампионите меѓу екипите на Магдебург и Келце беше во прекин од речиси 20 минути, откако полскиот новинар Павел Котвица колабираше во 47. минута.

И покрај напорите на лекарите, 51-годишниот новинар почина. Европската ракометна федерација (ЕХФ) трагичната вест ја објави по завршувањето на финалниот дуел, односно пред доделувањето на медалите.

Тренерите и ракометарите на двата финалисти донесоа одлука да ја откажат финалната прес-конференција поради смртта на новинарот од Полска.

„Билд“ информира дека тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт му предложил на Талант Душебаев натпреварот целосно да се прекине поради немилиот настан со полскиот новинар и титулата да му се додели на Келце. Тимот на Душебаев во 47. минута водеше со два гола разлика, 22:20.

„Му предложив на Талант Душебаев натпреварот во целост да се прекине. Има поважни работи во спортот. Реков дека го прифаќаме резултатот, а титулата да се додели на Келце” пренесува Вигерт за „Билд“.

Сепак, полскиот претставник на Ф4 го одбил предлогот на Вигерт.

„Сега е лесно да се каже било што, но останувам на фактот дека се што се случи покажува колку се блиски радоста и тагата, така е во животот. Се чувствувам лошо, многу ми е жал. Мое сочувство до семејството на починатиот новинар од Келце. Многу ми е жал, не знам што друго да кажам”, изјави Вигерт по финалето.

Поради смртен случај откажана последната прес-конференција во Келн!

 

 

Магдебург е кралот на ракометна Европа: Шок, па драма за победничко славје во Лигата на шампиони