Поради смртен случај откажана последната прес-конференција во Келн!

Поради смртта на полскиот колега новинар Павел Котвица беше откажана последната прес-конференција во Келн по завршниот турнир во Лигата на шампионите. Тренерите и ракометарите на двата финалисти донесоа одлука да ја откажат финалната прес-конференција, откако за време на церемонијата за доделување на трофеите стигна трагичната вест.

51-Годшниот новинар од Полска, кој работеше во полскиот портал „Ехо Днија“, колабираше во 47. минута од натпреварот меѓу Магдебург и Келце.

ЕХФ објави за смртта на Котвица по доделувањето на медалите, а пресот што требаше да се одржи беше откажан.

Магдебург ја освои титулата по триумфот над Келце, но по лошата вест на никого не му беше до прослава во Келн.

Новинар колабираше, финалето на ЛШ беше прекинато дваесетина минути!