Финалето во Лигата на шампионите меѓу екипите на Магдебург и Келце беше во прекин од речиси дваесетина минути, откако новинарот од Полска, Павел Котвица колабираше во 47. минута.
Медицинските лица кои беа присутни во „Ланксес Арена“ во Келн му пружија помош на полскиот новинар, но Европската ракометна федерација (ЕХФ) по завршувањето на финалето објави дека 51-годишниот новинар почина.
Котвица работеше како новинар во полскиот портал „Ехо Днија“ и беше долгогодишен верен следбеник на европскиот вицепрвак.
Полскиот шампион со емотивна порака преку социјалните мрежи му оддаде почит на ракометниот новинар.
,,Ќе се вратиме овде и ќе победиме, но никој нема да ни го врати Павел… Сочувство до семејството. Ништо не е поважно денес“, објавија од Келце.
Тимот на Талант Душебаев титулата во Лигата на шампионите ја освои во сезона 2015/16, додека во последните две сезони два пати по ред не успева да го освои финалето.
Келце во ланската сезона беше поразен на пенали од Барселона, која на годинешното издание на Ф4 турнирот го освои третото место.
Голем гест на Вигерт – сакаше да ја „додели“ титулата на Келце!
Поради смртен случај откажана последната прес-конференција во Келн!
Магдебург е кралот на ракометна Европа: Шок, па драма за победничко славје во Лигата на шампиони