Младинската репрезентација на Македонија пред настапот на Европското првенство во Романија ќе одигра неколку пријателски натпревари.
Избраничките на Јулијана Дамчевска и Кристијан Грчевски во периодот од 22 до 24 јуни ќе настапат на турнир во Унгарија.
Покрај Македонија и домашната селекција, дел од турнирот ќе бидат и репрезентациите на Холандија и САД.
Младинките веќе ги започнаа подготовките за настап на ЕП во Романија, бидејќи имаат тешка група.
Македонија во групната фаза ќе игра со Данска, Чешка и Црна Гора. Само првопласираната и второпласираната репрезентација ќе продолжат во следната фаза.
Европското првенство во Романија ќе се одржи од 6 до 16 јули. И во оваа конкуренција ќе има два ЕХФ шампионати од 8 до 16 јули во Литванија и Косово.
Дамчевска со прв список – еве кои 22 ракометарки се во комбинација за настап на ЕП