Десетка за Петровски, Овче Поле ги освои бодовите против Преспа

Ракометарите на Овче Поле прославија триумф над Преспа со 28-24 во 6 коло од прволигашката конкуренција.

Гостите од Ресен парираа одлично дваесетина минути, кога домашните во Свети Николе водеа со 7-6, но потоа имаше огромен пад во играта на Преспа.

Овче Поле даде седум гола за седум минути за 14-6 и практично го реши прашањето на победникот на овој меч.

Гостите ја преполовија високата негатива во вториот дел, но немаа сили за комплетен камбек и бодовите останаа во Свети Николе.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Филип Петровски со десет и Кристијан Стаменков со шест гола, а десет гола за Преспа постигна Благој Христовски.