Дамчевска со прв список – еве кои 22 ракометарки се во комбинација за настап на ЕП

Новиот селектор на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави поширокиот список на ракометарки за претстојното Европско првенство во младинска конкуренција, кое ќе се одржи во Романија.

На списокот кај Дамчевска партиципираат 22 ракометарки, и скоро сите настапуваат во домашните клубови.

Дел од повиканите ракометарки имаат забележано настап за сениорската репрезентација на Македонија, така што „црвено-жолтите” ќе имаат поконкурентен тим на младинскиот континентален собир.

Македонија ќе игра во групата Д заедно со селекциите на Данска, Чешка, и Црна Гора.

Европското младинско првенство во Романија ќе се одржи во периодот од 6 до 16 јули.