Алборг пак остана без титула, ГОГ е старо-нов шампион на Данска!

Скапиот проект на Алборг втора година по ред останува без домашната титула, откако во денешната мајсторка против ГОГ беше поразен со 37:33 (16:16).

Тимот од Гудме, кој има помал многу помал буџер од Алборг, успеа да ја одбрани титулата и за следната сезона повторно обезбеди учество во Лигата на шампионите.

За потсетување, старо-новиот шампион на Данска во изминатата сезона направи историски успех во Лигата на шампионите и стигна до четвртфиналето, односно избори пласман меѓу најдобрите осум екипи во елитното натпреварување.

Алборг како и ланската сезона ќе има право да аплицира за вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите и за очекување е дека ќе ја добие.

За бронзениот медал во данскиот шампион ќе играат екипите на Скјерн и Фредериција. Овој дуел ќе се одигра денес, со почеток од 16:00 часот.