Репрезентативката на Македонија, Александра Коловска, во новата сезона ќе има нов предизвик во својата кариера, бидејќи не го продолжи договорот со словачкиот вицепрвак Јувента Михаловце.
Кружниот напаѓач со тимот на Јувента Михаловце имаше едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката, но двете страни се договорија секој да продолжи по својот пат.
19-годишната ракометарка со своето стекнато интернационално искуство сигурно ќе има што да покаже во дресот на Македонија на претстојното младинско ЕП. Коловска со сега веќе нејзиниот поранешен клуб освен на домашна сцена, играше во регионалната МОЛ лига, како и во Европскиот Куп.
Таа во Македонија беше дел од Вардар и Металург, а настапува за кадетската, младинската и сениорската репрезентација.