Црногорскиот пивот од Струга, Богдан Ѓуровиќ, во следната натпреварувачка сезона 2023/24 ќе настапува во Чешка.
Младиот ракометар од Црна Гора со одлични настапи во најквалитетното натпреварување во Македонија стана мета на неколку странски клубови.
Голем интерес за Ѓуровиќ покажа чешкиот суперлигаш, Зубри, клуб кој сезоната во шампионатот на Чешка ја заврши на 4. позиција, па така довчерашниот ракометар на Струга реши да ја прифати понудата од клубот и во новата сезона да има нов интернационален предизвик.
Ѓуровиќ во Струга пристигна минатото лето од Слобода Тузла. Во својата кариера беше дел и од екипите на Спартак Суботица и Ловќен, додека на репрезентативно ниво има забележано настапи за младинските категории на својата татковина.