Голем успех за Македонката – стана најдобар стрелец во историјата на ЦСКА Москва!

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, не успеа да победи на вториот финален натпревар против Ростов Дон, така што за титулата во рускиот шампионат ќе има мајсторка.

Но овој натпревар вечно ќе го памети македонската репрезентативка. Таа на теренот мина 40 минути и одигра речиси без грешка, имаше пет постигнати погодоци од шест обиди.

Четвртиот гол од оваа средба беше 474 гол за десното крило кое и го донесе првото место на вечната листа на стрелци во историјата на ЦСКА Москва. Ристовска сега има 475 погодоци, на 152 одиграни меча, пред Антонина Скоробогатченко, кој во моментов не настапува бидејќи ќе стане мајка.

ЦСКА Москва на вчерашното гостување кај Ростов Дон беше минимално поразена со 27:26, a тоа беше доволно за актуелниот руски шампион да се избори за мајсторка, во која ќе има шанса да ја одбрани освоената титула од претходната сезона.

Третиот натпревар од финалната серија ќе се одигра на 4 јуни. Домаќин на решавачкиот дуел ќе биде московската екипа. Првиот дуел од разигрувањето за титулата меѓу двете екипи заврши со победа на ЦСКА Москва од четири гола разлика, 32:28.