Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа без победа и на последното место го заврши настапот на Европското првенство во португалскиот Назаре.
Избраничките на Златко Мојсоски загубија од селекцијата на Романија по шут-аутот со 2-1 во сетови.
Првиот сет го добија нашите репрезентативки со 16-14, а во вториот сет имаа шанса за триумф, но беа казнети по промашувањето и Романките израмнија на 1-1, откако го освоија со 12-11.
Во шут-аутот, ривалот беше подобар со 8-3 и така ја испрати Македонија на последното место на континенталниот собир.
Најдобри поентерки во македонскиот состав беа Гулицоска, Божиновска и Диневска со по осум поени.