Тимот на ЦСКА Москва каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, ја доби првата финална пресметка во рускиот шампионат.
ЦСКА на домашен терен славеше со 32-28, иако на неколку минути до крајот резултатот беше 27-27.
Македонското десно крило на теренот мина 51 минута и постигна три погодоци на овој тежок натпревар.
Со пеколен финиш, избраничките на Олга Акопјан стигнаа до плус четири, а доколку ремизираат или победат во Ростов, ќе бидат шампионки на Русија.
Вториот натпревар се игра на 30 мај, а доколку има потреба од трет меч тој ќе се игра на 2 јуни.