Поранешниот репрезентативец на Шведска, ветеранот Јонас Калман, реши по завршувањето на оваа сезона да оди во пензија.
Калман ќе стави крај на една успешната и долготрајна спортска кариера откако играше за некои од најдобрите клубови во светот.
Искусниот ракометар својата кариера ја започна во Савехоф, потоа од сезона 2002/03, па до 2012/13 го носеше дресот на некогашниот европски гигант Сиудад Реал.
Додека настапуваше за шпанскиот клуб неколку сезони играше заедно со легендата на македонскиот ракомет и сегашен тренер на Алкалоид, Кире Лазаров.
Во текот на 2013 година ги засили редовите на ПИК Сегед, клуб во кој настапуваше до сезона 2020/21.
Левото крило пред една сезона го напушти клубот од Сегед и потпиша за амбициозната екипа на Бенфика.
41-годишниот ракометар минатата сезона со Бенфика успеа да ја освои титулата во второто по квалитет европско натпреварување – Лига на Европа.