Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Иван Галевски имаше одлична партија на голот на Алкалоид и со 18 одбрани го предводеше тимот до победа над Еурофарм Пелистер 2 со 29-27.
Новиот суперлигаш водеше по првото полувреме со 16-14, но битолчани беа упорни и не се откажуваа од борба за бодови во Автокоманда.
Клучниот период се случи на средината на второто полувреме, кога избраниците на Кире Лазаров со серија од шест голови стигнаа до 23-18, а беше и 28-22 со серија интервенции на Галевски.
Битолчани се вратија на минус два, 29-27, имаа шанса и за минус еден, но немаше време за комплетен пресврт, па бодовите останаа во Автокоманда. Со оваа победа Алкалоид ја продолжува трката за второто место на табелата.
Покрај Галевски, во домашниот тим се истакнаа Галевски со пет и Џонов со четири гола, додека во составот на Еурофарм Пелистер 2 најдобар стрелец беше Петровиќ со осум погодоци.