Двете репрезентативки на Македонија и членки на Коњалти, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, одиграа одлично против Измир во рамки од првиот полуфинален натпревар од плеј-оф фазата во турскиот шампионат.
Коњалти против екипата на Измир славеше со 37:31 (17:17), и на реванш дуелот, кој ќе го одигра на домашен терен, ќе има залиха од шест гола.
Јанеска беше меѓу најефикасните во победничката екипа, постигна шест погодоци, додека кружниот напаѓач Гакидова трипати се запиша во листата на стрелци. Македонките освен во нападот, одиграа на висина на задачата и во одбраната.
Екс ракометарката на Кометал ЃП, Јелиз Озел, која го носи дресот на Измир, во дуелот со Коњалти постигна четири погодоци.
Екипата на Коњалти доколку го мине Измир, тогаш во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Кастамону и Јаликавак.
За потсетување, во совјот дебитански настап на европска сцена, односно во Европскиот Куп, Коњалти ја освои шампионската титула.