Лембанов: Отворивме лошо, без идеја – Еурофарм Пелистер трчаше и лесно направија предност

Пролет и во своето трето учество на Ф4 турнирите во Купот на Македонија останува беа пласман во финалето. Овојпат налетаа на Еурофарм Пелистер чии ракометари лесно и брзо ги решија сите дилеми. Тој период во првите 15-тина минути од мечот беше пресуден за конечниот расплет, и на крај битолчани триумфираа со 28-21.

Тренерот на Пролет, Алексо Лембанов само потврди дека првиот период од мечот беше клучен.

„Отворивме лошо, примивме голови од транзиција. Игравме на моменти без идеја, упатувавме шутеви од неприродни позици од каде не може да се постигне гол. Еурофарм Пелистер од друга страна добро трчаше, и се одлепија на 5-6 гола и тука мечот се реши. Во второто полувреме имаше пријателски карактер. Тие направија промена, ние одбранбена зона ја сменивме, но тоа не влијаеше на резултатот, вели Лембанов.

Пролет настапува со убедливо најмлад и најнеискусен состав. Но, и покрај тоа скопскиот тим е задоволен од постигнатото. Младите играат и добиваат шанса.

„Не зборувам лошо, но младите треба да сфатат дека се најдоа во ваква ситуација, и добија шанса што ја немаат заслуежно. Треба да напредуваме, а тие пред се ментално да сфатат дека сега имаат убава шанса за напредок, смета Лембанов.

Без разлика на се, Лембанов смета дека клубот направил одличен успех, со пласманот во плејофот и на Ф4 турнирот во Купот.

„Треба да бидеме задоволни, со ооној ростер што го имавме ќе беше неуспех ако не се пласиравме во плејоф. Се случи што се случи н аполусеона и заминаа некои играчи, Имавме добра ждрепка, да земеме бод во гости. а шанса добиваат младите играчи. Така ќе биде и во иднина, смета Лембанов.

 

Еурофарм Пелистер по 14 пат ќе игра финале на Куп откако „лесно“ го реши Пролет