Ф4 на Куп на Македонија – Вардар: Рекордерот на тежок испит

Вардар е рекорден со 15 освоени титули во Купот, засега недостижно за било која друга екипа. „Црвено-црните“ се единствен тим што има серија од пет победи во Купот по ред од 2-14 до 2018

Во 31. сезона од играњето на Купот на Македонија екипата на Вардар влегува како најтрофеен тим, и секогаш а особено последните две децении меѓу кандидатите за освојување на големиот и тежок пехар. За разлика од претходните сезони кога Вардар делуваше доста надмоќно во однос на конкурентите, годинава покрај скопскиот тим свои калкулации и надежи за трофејот имаат уште два тима, и Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Последниот месец Вардар играше и со двата тим, и од двата загуби, што го прави овој Ф4 навистина интересен. Во полуфиналето на Купот, сега Вардар ќе игра со дебитантот во Супер лигата, тимот на Алкалоид. Тој меч е закажан за во четврток од вечерниот термин од 20 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Вардар е рекорден со 15 освоени титули во Купот, засега недостижно за било која друга екипа. „Црвено-црните“ се единствен тим што има серија од пет победи во Купот по ред од 2014 до 2018. Во годината кога Вардар по вторпат стана европски првак 2019, не успеа да го освои Купот во Македонија, и беше надигран минимално од Металург.

Лани во финалето на Купот што се играше во Кавадарци, Вардар со гол на Филип Талески во последните секунди од мечот го освои Купот победувајќи со 23-22. Сезонава на патот до Ф4 турнирот во Купот сезонава Вардар во елиминациите беше подобар од Мулти Есенс, 43-18. Потоа како домаќини на четвртфинална група Вардар ги победи Охрид (38-30) и Скопје (37-24).

Полуфиналето со Алкалоид ќе биде можност за реванш за поразот во Автокоманда, што беше најава дека можеби сезонава вардарци нема така лесно да ја одбранат титулата. Но полуфиналниот меч е и најава за нивниот следен меѓусебен дуел последното коло од првенството кое може да реши која екипа ќе биде второпласирана.

„Не размислуваме за никаков реванш, туку само за мечот што претстои пред нас. Мислиме дека можеме да го победиме Алкалоид. Ќе биде тешко, имаме некои повреди, но секако сме оптимисти.
Досега видовме три одбрани, и Алкалоид го знае Вардар. нема многу тајни. Крај на сезона е, нема што многу да се крие. Се вади секој атом од силите, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Иако Вардар секогаш бил меѓу фаворитите за поделба на трофеите сезонава тимот е во поинаква ситуација. По тешката борба во Битола пред неколку денови, кога загуби од Еурофарм Пелистер со што веројатно и титулата се сели од Скопје, сега треба да се најде начин за мотивација и полнење на батериите од она физичко и емотивно исцрпување. Ќе треба да се чуваат силите и за следните мечеви.

„Емотивното исцрпување е дека после толку години Вардар е на пат да ја предаде титулата. Тоа дел од играчите и клубот тешко го прифаќаат. Но, тоа е дел од спорот, некој ќе мора се радува. Имавме изедначен ривал за борбата за титулата сезонава. Тешко е да се собере сила. Но, имаме време добро да се фокусираме за ова полуфинале, вели Недановски.

Сега на крајот од сезоната на секој меч треба екипата да биде свежа, да се чуваат од повреди. Во Битола првпат после повеќе месеци после повредата почна да игра и Дарко Ѓукиќ.

„Ростерот е тој. Најважно е да нема сериозно повредени. Дарко играше во Битола, ќе патува и во Охрид. Имаме време да размислиме со кој тим ќе се спротиставиме на Алкалоид. Треба да размислиме и за полуфинале, па и за финале. Треба да се сочуваат силите и за тој следен финален меч, смета Недановски.

На вакви мечеви каде нема поправен, решаваат нијанси, мотив, желба, расположение. Вардар покажа доста осцилации во играта на тие два клучни мечеви против Алкалоид и против Еурофарм Пелистер.

„Ни недостигаше концентрација во нападот во напад, и реализација. Ако тоа го имаме сега ќе биде полесно и ќе победиме и ќе играме во финалето. Знаеме дека мораме да биде пофокусирани и пред се прецизни да ги користиме шансите, смета Недановски.

Ако стигнат до финалето на Купот, желбата на Недановски е да се сретне со Еурофарм Пелистер. Тоа би било реприза за ланското финале, и на Супер Купот. Уште еден меч од двата тима што доминираат во Македонија.

Судиите одредени со ждрепка – еве кој ќе го суди финалето на машкиот Куп