Георгиевски: Сега е ред да им го отстапам местото на помладите

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ги започна подготовките за последните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Избраниците на Кире Лазаров на последните два дуели ќе играат против репрезентациите на Луксембург и Турција.

Натпреварот на 30 април против Турција ќе биде последниот репрезентативен настап за Гоце Георгиевски.

Искусниот член на Вардар реши да се повлече од репрезентацијата и своето место да им го отстапи на помладите играчи.

,,Овие се два последните натпревари за мене во репрезентацијата. Мислам дека сме фаворити во овие два натпревари, сега се чувствувам добро, но можеби кога ќе дојде тој последен натпревар, во недела, малку ќе бидат други емоциите и чувствата, но мене ми е голема чест што играв за оваа репрезентација долго време и мислам дека сега е време да се повлечам и да им го отстапам место на помладите играчи, бидејќи мислам дека има добра иднина во репрезентацијата и мислам дека го правам правиот потег. Се надевам дека со победа ќе се опростам од националниот дрес”, изјави Георгиевски.

Нашата репрезентација гостува кај Луксембург на 26 април од 20:15 часот, додека последниот меч е на 30 април во СЦ „Борис Трајковски“ од 18:00 часот против Турција.

Лазаров прозиваше, „странците“ Кузмановски и Митревски доаѓаат последни