Селекторот на машката сениорска репрезентација на Турција, Окан Халај, го објави скратениот список на ракометари за двата натпревари против Македонија и Португалија во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.
На скратениот список се најде и актуелниот член на Охрид, Ерај Каракоч, кој игра во одлична форма во македонскиот шампионат, интернационалецот од Минден, Дорук Пеливан, искусниот Рамазан Доне од Сакарија, како и екс играчот на Металург и Охрид, Халил Озтурк.
Ракометарите на Турција во квалификациите на двапати го совладаа Луксембург, но и во два наврати беа убедливо поразени од Португалија и Македонија и токму на последните два дуели ќе ја бараат шансата за евентуален пласман на континенталниот собир.
Турција со победа против Португалија или Македонија би ги зголемила шансите за учество на Европското првенство.
За потсетување, пласман на Европското првенство во Германија ќе обезбедат сите осум пласирани први и втори во осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани репрезентации.
Избраниците на Халај дуелот против Португалија ќе го одиграат на 26 април, додека на 30 април ќе гостуваат во Скопје.