Порнаешниот репрезентативец на Унгарија, Ференц Илјеш стана нов претседател на тамошнта ракометна федерација.
140 од 150 делегати беа присутни на изборното Собрание, а 139 од нив гласаа за Илјеш, кој ќе биде претседател во следните пет години.
Илјеш има 229 настапи за селекцијата на Унгарија, на новата функција ќе го наследи Мате Кочиш, кој беше претседател осум години.
Унгарецот има играно за Веспрем и ПИК Сегед, потоа за Лемго и Висла Плоцк, а кариерата ја заврши во Татабања, каде досега работеше како тим-менаџер.
Има освоено три титули во Унгарија, по два трофеи во Купот на Унгарија и во ЕХФ Купот, како и една во Купот на победниците на куповите. За националниот тим даде 502 гола на 229 меча.