Екипата на Вардар во рамки од 5. коло во Суперлигата славеше во дерби дуелот против Еурофарм пелистер со 31:24 (13:10).
Полицијата во СЦ „Јане Сандански“ имаше полни раце работа по влезот во салата на гостинските навивачи од Битола. Се случи хаос на теренот, летаа факели и шишиња, гореа пиротехнички средства, и се разгорија страстите меѓу присутните.
Натпреварот беше во прекин од 30 минути и откако се смири ситуацијата, дербито продолжи да се доигра.
Случувањата од Скопје привлекоа големо внимание во сите европски и балкански медиуми.