Германските медиуми денес објавија тажна вест за смртта на легендарниот тренер Ролф Брак. Прославениот тренер почина на 69 годишна возраст од животот.
Како играч го носеше дресот на Кирн, Саулхајм и Диценбах со кој играше во Бундеслигата.
Брак во својата кариера беше селектор на репрезентација на Швајцарија во периодот од декември, 2013 година, па се до летото, 2016 година.
Со репрезентацијата на Швајцарија гостуваше во Скопје во рамки од квалификациските натпревари за настап на Европското првенство во 2014 и 2016.
Во неговата клупска тренерска кариера беше предводник на неколку бундеслигаши како Гепинген и Ерланген.
Ккао тренер се трудеше да им помогне на неколку клубови во пониските натпреварувања во Германија.
Неговиот последен ангажман му беше во Римпар, клуб во кој беше консултант во текот на 2016 година, односно пред да седне на клупата на Гепинген.