Тиквеш од Кавадарци полесно од очекувањата славеше против тимот на Струга со 28-23 и обезбеди меч против Еурофарм Пелистер, чиј победник ќе го даде патникот на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Кавадарчани тргнаа силовито. Поведоа со 3-0, па со 6-1 и веќе беше јасно дека стружани ќе мора да бркаат висока негатива на овој меч.
По 7-4 за Тиквеш, погодуваа Симиќ, Стефановиќ, Стојановски и кавадарчани отидоа на плус девет, 13-4. До паузата ја задржаа предност и на одмор се замина со 18-11 во нивна полза.
Во второто полувреме ослабениот тим на Струга се обиде да парира, имаше добри моменти повреммено, и на крајот успеа само да го ублажи поразот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стефановиќ со шест, како и Кондев и Постолови кои реализираа по пет пати, додека исто толку гола за Струга даде Петар Бугариновиќ.
Куп на Македонија, мажи, осминафинале:
Група 1
18/3, 17:00, Вардар – Охрид
18/3, 19:00, Јуниор КВ – Скопје
19/3, 17:00, финале
Група 2
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 17-32
Голден Арт – Пролет 26:25
18/3, 19:00, Еурофарм Пелистер 2 – Пролет
Група 3
18/3, 18:00, Бутел – Алкалоид
18/3, 15:00, Вардар Неготино – Прилеп
19/3, 18:00, финале
Група 4
Струга – Тиквеш 23-28
Куманово – Еурофарм Пелистер 21-33
18/3, 20:00, Тиквеш – Еурофарм Пелистер