Петровиќ даде осум гола за полувреме, Еурофарм Пелистер 2 рутински против Радовиш

Ланскиот полуфиналист во Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер 2, и оваа сезона стигна на само чекор до место на завршниот турнир.

Избраниците на Александар Зарков лесно го совладаа Радовиш со 32-17 во вториот меч од групата 2 и ќе се борат вечерва со Пролет за место на Ф4.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога младите битолчани примија само седум гола, а постигнаа 16.

Осум погодоци од тие 16 беа дело на босанскиот десен бек Павле Петровиќ, кој имаше помош и од Мијушковиќ, кој беше стрелец на шест гола, додека Маџовски постигна четири.

Кај Радовиш по четири пати погодија Трајанов и Трајчевски, но немаа многу помош од соиграчите. Мечот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Пролет за место на завршниот турнир во Купот се игра вечерва од 19:00 часот во салата „Македонско Сонце“.

Куп на Македонија, мажи, осминафинале:

Група 1
18/3, 17:00, Вардар – Охрид
18/3, 19:00, Јуниор КВ – Скопје
19/3, 17:00, финале

Група 2
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 17-32
Голден Арт – Пролет 26:25
18/3, 19:00, Еурофарм Пелистер 2 – Пролет

Група 3
18/3, 18:00, Бутел – Алкалоид
18/3, 15:00, Вардар Неготино – Прилеп
19/3, 18:00, финале

Група 4
18/3, 14:30, Струга – Тиквеш
Куманово – Еурофарм Пелистер 21-33
18/3, 20:00, Струга/Тиквеш – Еурофарм Пелистер