Медиа тимот на регионалната СЕХА лига објави дека завршниот турнир оваа сезона ќе се игра од 6 до 8 јуни во „Сибур Арена“ во Санкт Петербург.
Претходно треба да бидат одиграни уште четвртфиналните средби од дивизијата „Југ“, како и уште четвртфиналните дуели со најдобрите осум екипи од двете дивизии.
Во дивизијата „Исток“ меѓу најдобрите четири се пласираа Пермски Медведи, Чеховски Медведи, СКА Минск и Мешков Брест.
Допрва Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ги одиграат четвртфиналните средби најверојатно против Војводина и Партизан, а доколку победат во двомечите ќе играат против Мешков Брест и Чеховски Медведи.
Трофејот од минатата сезона го брани унгарскиот Веспрем, кој на завршниот турнир во Задар го победи Загреб со 32-30.