Откако во текот на вчерашниот ден беше комплетирано 4. коло во Суперлигата, денес на ракометната програма во Македонија ќе има три прволигашки натпревари.
Во Скопје дуел ќе имаат двата дебитанти, тимот на Мулти Есенс и Бисонов од Велес, додека во Свети Николе ќе се судрат Овче Поле и Шампион.
Победникот од овој дуел ќе биде блиску до пласман во плеј-оф фазата, така што се очекува голема борба меѓу двете екипи.
Во терминот од 20:00 часот ќе играат Младост Богданци и тимот на Кичево, кој исто така е во игра за пласман во плеј-оф фазата од Првата лига.
На европска сцена, двете интернационалки од Македонија, Ивана Гакидова и Моника Јанеска заедно со Коњалти ќе го одиграат реванш дуелот против Измир во рамките од четвртфиналето од Европскиот Куп.
На првиот дуел убедлив триумф забележа екипата на Коњалти, победи со девет гола разлика, 38:29.
Натпревари ќе има и во шампионатите во Данска, Унгарија, Шпанија, Словенија, како и во Бундес лигата.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:30 АДЕМАР – СИНФИН (ШПАНИЈА)
14:00 МАГДЕБУРГ – ФУКСЕ (БУНДЕС ЛИГА)
14:30 ИЗМИР – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)
14:30 НОРВЕШКА – ЧЕШКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
15:00 МУЛТИ ЕСЕНС – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
16:00 ВИТОРИЈА – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)
16:00 ШАМБЕРИ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
16:05 ЕРЛАНГЕН – ЛЕМГО (БУНДЕС ЛИГА)
16:05 ФЛЕНСБУРГ – ХАМБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)
16:05 ХАНОВЕР – ВЕСТФАЛЕН (БУНДЕС ЛИГА)
16:05 КИЛ – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС ЛИГА)
16:30 ИТАЛИЈА – ЗЕЛЕНОРТСКИ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
17:00 ХАЛСУМ – АРЕНДАЛ (НОРВЕШКА)
17:00 ХОЛАНДИЈА – ДАНСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
17:00 НИЦА – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
17:15 ФРАНЦИЈА – ШВЕДСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
18:00 ХУЕСКА – ЛА РИОХА (ШПАНИЈА)
18:00 КОПЕР – ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА)
18:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
19:00 СКЈЕРН – АРХУС (ДАНСКА)
19:00 ТАТАБАЊА – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)
19:00 ПОРТУГАЛИЈА – ШПАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:30 БИДАСОА – БАРСЕЛОНА (ШПАНИЈА)
20:00 МЛАДОСТ – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)