Екипата на Фредериција, во која настапува екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Реине Табоада, направи големо изненадување во данскиот шампионат.
Фредериција во натпревар од 22. коло направија сензација и славеше против тимот на Алборг со 29:28.
Домаќинот уште од почетокот беше во водство и во најголемиот дел неговата предност беше два до три гола разлика.
Алборг на овој натпревар настапи со само 11 ракометари и речиси сите се запишаа во листата на стрелци.
Еден од најзаслужните за победата над скапиот проект беше токму Табоада, кој постигна седум гола во мрежата на гостите, додека неговиот колега Џејмс Скот го одигра најдобриот натпревар во дресот на Фредериција, имаше 13 успешни реализации.
Ракометарите на Фредериција со новата победа направија голем исчекор и ги зголемија шансите за подобар пласман на табелата, пред започнување на плеј-оф натпреварите.