Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија кај Фуксе Берлин со 34-25 во натпревар од 9 коло во Лигата на Европа. За пелистерци останува билетот за осминафинале во Лигата на Европа да го бараат во последниот меч против Мотор Запорожје. Битолчани останаа на шест бода на четвртото место, додека украинскиот тим има пет и останува во игра за место во ТОП 16.
Македонскиот претставник парираше на „лисиците“ во првите десетина минути кога беше 6-6, но оттогаш до крајот на полувремето постигна само уште шест погодоци, а домашите дупло повеќе. Вториот дел беше само форманост, а доомашните само рутински ја одработија задачата.
Битолчани, кое на ова гостување се без Ојлески и Хенеберг, отворија добро и со трите гола на Костески водеа со 4-2. Домашните возвратија набрзина, со серија од четири гола направија пресврт и поведоа со 6-4 преку Вујовиќ. Еурофарм Пелистер израмнија преку Костески на 6-6, но потоа нашиот ракометар беше исклучен, а Фуксе Берлин максимално го искористи тоа, ги казни сите грешкки и се одлепи на 10-6.
Валтер реагираше со тајм-аут, но Василев промаши и домашните веќе беа на плус пет, 11-6. Битолчани не се предаваа и намалија на 11-8. Откако Лесјак му фати пенал на Вујовиќ, нашиот тим можеше да намали уште повеќе. Сепак ниту Пешевски, ниту Кисум не беа прецизини, па казната стигна од Марсениќ за 12-8. По голот на Костески, Лесјак фати уште еден пенал на домашните, па битолчани добија шанса и за минус два, но не упатија удар кон голот на Милосављев. Беше 14-9, па 17-11, пред Марсениќ да заработи исклучување. Кисум намали на 17-12, а конечните 18-12 по првиот дел ги постави Лихтлајн.
На стартот на вториот дел преку Суси и Дејвис, битолчани намалија на 20-15, но двата брзи гола на Холм и интрвенциите во серија на Киреев, го однесоа Фуксе Берлин на највисоки плус седум, 22-15. Тука стана јасно дека нема шанси за камбек или за пристоен пораз, па до крајот се играше само формално.
Тренерот Ларс Валтер се обиде со чести промени да го наруши ритамот на домашниот тим, без премногу ефект. Беше и највисоки плус 12, 31-19, нашиот тим по одбраните на Кизиќ врза три гола во серија за 31-22 пред крајот, но немаше време за поразот да се намали уште повеќе.
По пет гола за нашиот тим дадоа Костески, Кисум и Костески, додека Кизиќ и Лесјак имаа девет одбрани. Кај Фуксе Берлин се истакнаа Гидсел со шест и Вујовиќ со пет погодоци. За Еурофарм Пелистер останува да го одигра и последниот натпревар од групната фаза против Мотор Запорожје, кој е практично квалификациски за место во осминафиналето.