Дејвис: Решаваа мали детали, ремито е фер исход

Тимот на Еурофарм Пелистер одигра само нерешено, 27-27, во мечот со португалскиот претставик Агуаш Санташ.

Средниот бек Вилсон Дејвис вели дека мали детали биле клучни за пелистерци да освојат само еден бод на овој натпревар.

„Агуаш Санташ одигра динамичен натпревар, ни создадоа многу проблеми особено во првиот дел. Во вториот дел ние се адаптиравме на стилот, ја подобривме одбрана, но мали детали го решија натпрварот. На крајот реми е фер исход“, вели Дејвис.

Во последните две кола, битолчани ќе играат на гостински терен кај германскиот Фуксе Берлин и дома против украинскиот Мотор Запорожје.

Еурофарм Пелистер само до бод против Агуаш Санташ

Валтер: Потфрлија клучните ракометари!