Тимот на Еурофарм Пелистер одигра само нерешено, 27-27, во мечот со португалскиот претставик Агуаш Санташ.
Тренерот Ларс Валтер е разочаран од лошото издание на клучните ракометари во редовите на битолскиот тим.
„Разочаран сум, одигравме лош меч денеска. Покрај лошото издание на одбраната, потфрлија и нашите клучни ракометари. Честитки за Агуаш Санташ“, изјави Валтер.
Во последните две кола, битолчани ќе играат на гостински терен кај германскиот Фуксе Берлин и дома против украинскиот Мотор Запорожје.