Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе ја пречекаат екипата на Агуаш Санташ во натпревар од 8. коло од Лига на Европа.
Избраниците на Ларс Валтер доколку ја победат екипата од Португалија, тогаш ќе го потврдат пласманот во осминафиналето од второто по ранг европско натпреварување.
Првиот дуел меѓу двете екипи, кој беше одигран на почетокот на сезоната, заврши со победа на битолскиот тим од 29:27.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Агуаш Санташ ќе се одигра со почеток од 20:45 часот.
Пренос од дуелот ќе има на Арена Спорт 2 и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА (има шест линкови на избор) или ТУКА.
*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.
Судии на овој натпревар ќе бидат Марко Мрвица и Далибор Јуриновиќ од Хрватска, додека делегат од Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Јоанис Меимаридис од јужниот сосед на Македонија.