Голема трагедија – почина 20 часа откако освои Куп трофеј!

Прославениот ракометар Саша Живуловиќ, Србин со грчки пасош, почина во сон на 51 година.

Живуловиќ, кој беше тренер на екипата на Неа Јонија, со која го освои Купот на Грција минатиот викенд, по освојувањето на трофејот, односно по 20 часа ненадејно починал.

Искусниот тренер во текот на 2004 година доби грчко државјанство и заедно со репрезентацијата на Грција настапи на Олимписките игри во Атина (2004), како и на Светското првенство во 2005 година.

Во текот на 2010 година реши да се повлече од ракометот. Својата тренерска кариера ја започна во Војводина, додека во 2016 година ја презеде екипата на Неа Јонија.