Фуксе Берлин рутински против Мотор, Северец повторно кобен за Скјерн

Денес во Лига на Европа беа одиграни натпреварите од 7. коло од второто по ранг европско натпреварување.

Во групата Д, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, актуелниот лидер Фуксе Берлин без проблеми славеше во дуелот против украинскиот шампион Мотор Запорожје, со резултат 32:24.

Најефикасен во тимот на Фуксе Берлин беше Јакоб Холм со 11 погодоци од исто толку обиди, додека кај Мотор Запорожје се истакна младиот Игор Турченко, кој во мрежата на ,,лисиците” постигна дури 12 погодоци.

Следниот ривал на Еурофарм Пелистер, тимот на Агуаш Санташ се радуваше на првата победа, откако на свој терен ја изненади Бидасоа Ирун, триумфираше со три гола разлика 28:25.

Како што е веќе познато, македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер на гостувањето во Данска кај Архус беше поразен со два гола разлика, 24:22.

Ракометарите на Нексе по вторпат го совладаа тимот на Скјерн со 29:28. Во неизвесен дуел во Нашице, домаќините со голот на Томислав Северец на десет секунди пред крајот ги обезбедија новите бодови со кои остануваат на првото место во групата Ц.

Северец и на првиот дуел против Скјерн, кој беше одигран на почетокот на сезоната, со гол во последните секунди му донесе победа на хрватскиот тим.

Победа во денешните натпревари остварија и екипите Гепинген, Бенфика, ФТЦ, Иштад, Фленсбург, Грањолерс и Спортинг.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 7. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А 

ВЕСПРЕМ ККФТ – ГЕПИНГЕН 23:40 (11:12)

БЕНФИКА – ПРЕШОВ 35:28 (21:11)

МОНПЕЛЈЕ – КАДЕТЕН 40:36 (22:18)

ГРУПА Б

ИШТАД – БЕНИДОРМ 36:30 (21:18)

ФЕРЕНЦВАРОШ – ЕКС АН ПРОВАНС 28:25 (15:12)

ФЛЕНСБУРГ – ВАЛУР 33:30 (16:14)

ГРУПА Ц

ГРАЊОЛЕРС – БАЛАТОНФУРЕДИ 33:30 (17:14)

НЕКСЕ – СКЈЕРН 29:28 (12:14)

АЛПЛА – СПОРТИНГ 26:31 (12:17)

ГРУПА Д

АРХУС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24:22 (11:11)

ФУКСЕ БЕРЛИН – МОТОР 32:24 (18:10)

АГУАШ САНТАШ – БИДАСОА 28:25 (14:14)