Младинскиот репрезентативец на Црна Гора, средниот бек Богдан Мијушковиќ е пред трансфер во тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Црногорецот настапуваше на дел од пријателските средби пред стартот на вториот дел од сезона во тимот на Александар Јовиќ, и најверојатно ќе биде ангажиран во вториот тим на „фармацевтите“.
Еурофарм Пелистер 2 за Мијушковиќ ќе биде втор интернационален предизвик, откако младиот ракометар неколку сезони го носеше дресот на Добова од Словенија, екипа со која настапуваше во најквалитетното словенечко натпреварување.
Новиот член на Еурофарм Пелистер 2 во својата кариера има настапувано и за црногорскиот клуб Морнар и ги има минато сите младински категории во црногорската репрезентација.
Во екипата на Добова настапуваше со старо-новиот колега, десниот бек Мерис Бошњак, кој во текот на месец ноември минатата година ги засили редовите на тимот на Јовиќ.
Еурофарм Пелистер 2 за прв ривал во плеј-офот го има амбициозниот тим на Охрид.