Тренерот на голмани во Еурофарм Пелистер и во машката репрезентација Ице Соколески, ќе биде дел од интернационалниот камп за голмани во Хрватска.
Соколески ќе биде еден од демонстраторите на камп што ќе се одржи од 24 до 30 јуни годинава во хрватскиот град Омиш.
Покрај Соколески, други учесници демонстратори ќе биде уште дуото голмани на унгарскиот Веспрем, Родриго Коралес и Владими Цупара, членот на Фуксе Берлин и екс голман на Вардар, Дејан Милосављев, потоа Филип Ивиќ, Андреас Вулф…
Кампот има долга традиција и се одржува веќе 12 години во хрватскиот град Омиш и на него продефилирале големи голмански имиња.