Репрезентативецот на Македонија, левото крило Петар Атанасијевиќ во остатокот од натпреварувачката сезона 2022/23 ќе игра во македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.
Левото крило, кој имаше одличен настап на Светското првенство во Полска и Шведска, по барање на тренерот Ларс Валтер е прекомандуван од вториот во првиот тим на ,,фармацевтите”.
19-годишниот ракометар во својата кариера има настапува за екипата на Алушовски од каде што премина во Еурофарм Пелистер 2.
Младиот ракометар под водство на Александар Јовиќ забележа голем напредок и беше еден од главните играчи во вториот тим.
Во првиот тим настапува и неговиот брат Павле Атанасијевиќ, кој исто така има голем прогрес во неговите настапи.