По тренерот Аце Станковски и кружниот напаѓач Кристијан Анастасовски, од тимот на Кастриоти си замина и третиот Македонец.
Станува збор за средниот бек Борис Ристовски, кој исто така нема повеќе да го носи дресот на клубот од Косово.
Ристовски минатото лето се пресели во Кастриоти и настапи во Европскиот Куп со косовската екипа.
Потекнува од Борец Велес, а во Македонија ги носеше дресовите и на Тиквеш и Вардар Неготино.