Репрезентацијата на Хрватска имаше уште еден незабележитен настап на големите натпреварувања откако го заврши својот настап во главната фаза и се пласираше на 9.место на Мундијалот во Полска и Шведска.
И кога целокупната ракометна јавност бара отказ од актуелниот селектор, стандардно низ ракометните кулоари се поставува прашањето дали поискусните ракометари ќе стават крај на своите репрезентативни настапи.
Еден од нив е и најдобриот хрватски ракометар Домагој Дувњак кој во интервју за хрватската телевизија РТЛ откри дали и во иднина ќе го носи „коцкастиот“ дрес.
„Тоа е прашање за селекторот. Јас секогаш ќе одговорам на поканата доколку селекторот смета дека сум потребен на репрезентацијата.Се надевам дека ќе бидам здрав, во Кил имам договор уште година и пол. Ќе имам 36 години па ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Дувњак.