По десното крило Гал Цирар и средните бекови Стефан Дрогришки и Ерај Каракоч, тимот на Охрид промовираше уште едно ново засилување.
Станува збор за алжирскиот интернационалец Абдерахим Будрали, кој настапува на позицијата лев бек.
Тој има 30 години, висок е 203 цм и доаѓа од екипата на Ал Наср од Кувајт, а претходно има настапувано за алжирскиот Аин Тута и тунискиот Мсакен.
Тимот на Горан Андоновски ќе биде дел од разигрувањето за титулата во Суперлигата, и ќе стартува без бодови.