Шокиран сум од играта. Знаевме како поминавме на Европското лани во Унгарија. Сега ги имавме сите услови, добри подготовки, буквално се што беше потребно. Но, ова е пораз на тимската игра. Со многу индивидуалности во одбраната и во нападот не се стигнува до позитивен резултат. Тимот победува, не победува поединец.
Во напад секој се обидува да игра 1-1, нема продолжена топка. Лесно не пробиваа во одбраната. Игравме без помош, без длабочина. Не изненадија во одбраната со 6-0 и кога требаше минуваа во 5-1. Се што требаше ние да играме тактички, го одигра Аргентина.
Зошто не пробавме да играме 7-6 ? Најавно беше дека ќе играме брза транзиција, но тоа не го видовме. Одбраната треба да донесе резултат, да донесе заедништво.
Малку е нејасно по три порази на Европското првенство и два на ова Светското првенство, следи дуел со Аргентина, натпревар да се биде или не за македонскиот ракомет и на тој натпревар – тимот не е во функција, апатичен, одбраната изненадена,…
Ќе биде многу тешко да се гледа Македонија во Президент купот.
Но, мора да се проба да се извлече нешто позитивно, мора да бидеме тим и само така може да стигнеме до победи. Треба добро да се замислиме сите што работиме во македонскиот ракомет. Ова е голем шок за македонскиот ракомет пред се.
Подобро да се греши во оригиналот, отколку во копирање.