Георгиевски: Загрижува фактот што немаме победа две големи натпреварувања по ред!

Македонија беше поразена и на третиот натпревар од групата Ф во Краков со што ја загуби шансата да се пласира во следната фаза. Аргентина ги сруши и последните надежи на ракометарите на Кире Лазаров за подобрување впечатокот од досегашниот настап на Мундијалот, славејќи убедлив триумф од 35-26.

Еден од најискусните репрезентативци во оваа подмладена Македонија, е секако десното крило, Гоце Георгиевски.

Имавме големи проблеми во одбраната и нападот, недоволна комуникација во одбрана да си помагаме еден на друг. Тоа се фактори кои влијаат на резултатот, а против вакви противници е тешко да се игра бидејќи тоа веднаш го казнуваат.

Единствено што останува после ваков дебакл е да се издигнеме и да се вратиме на победничките патеки.

Па да, после вакво нешто што друго ни останува освен да се издигнеме, главите горе, и да го завериме пласманот на Европското првенство.

Македонија нема победа на последното Европско и Светско првенство. Шест порази во серија, кои алармираат дека Македонија оди во надолна линија.

Загрижувачки е фактот дека немаме победа на последните две големи натптреварувања во групната фаза, пак ќе кажам не знам зошто кога ќе дојдеме на вакви натпреварувања не го испочитуваме она што го договараме. Пред тоа игравме добро, онаа игра која ја имавме претходно не ја покажавме тука, што е стварно загрижувачки.

На Македонија и преостанува да се обиде да го поправи впечатокот со натпреварите на Президент купот, каде ќе разигрува за пласман помеѓу 25-то и 32-то место на Мундијалот.