Најголемиот триумф попладнево го постигна Бахреин кој со 30:28 (15:12) ја победи Белгија во рамки на дуелот во Малме од Х групата. Со овој триумф оваа репрезентација е во следната фаза и тоа со два пренесени бода, бидејќи за да не се пласира потребно е да се случи големо изненадување Тунис да ја победи Данска.
Решавачката разлика Бахреин ја направи кон средината на првиот дел кога од негатива -3 (6:9) дојде до водство од 12:9, кое постојано го одржуваа до крајот на првиот дел и потоа во второто полувреме. Најефикасен беше Котерс од Белгија со 8 голови, а кај Бахреин Мерза Али постигна 6.
Репрезентацијата на Германија со победата над Алжир 37:21 (16:9) го освои првото место во групата Е и со четири бодови ќе ги продолжи натпреварите во следната фаза.
Очекувано првата позиција во групата Г ја потврди Египет оправдувајќи ја фаворитската улога против САД со триумф од 35:16 (19:7).