Slovenia vs France, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Katowice, 16.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

„Триколорите“ ја запреа забревтаната Словенија!

Во последното коло од групната фаза се одиграа натпреварите од групите  А, Б, Ц и Д. Дербито на вечерта се одигра во групата Б, каде  Франција  ја совлада  Словенија со   35-31  и  со максимален учинок од 3 победи се пласираше во следната фаза во која ќе пренесе четири бода.  Исланд се врати на победничките патеки по поразот во минатато коло, па ја декласираше Јужна Кореја со 38-25, додека пак  Црна Гора и Бразил беа подобри од Чиле и Зеленортските острови.

Словенија-Франција 31-35 (14-16)

Дербито на групата Б започна израмнето на двете страни. Двете репрезентации беа прецизни во нападот па резултатот на семафорот беше 4-4. Во продолжение Франција го зададе првиот посериозен удар на натпреварот, па преку расположените за игра Фабрегас, Карабатиќ и Ремили успеа да поведе со +3 (6-9) на половината од првиот дел. На спротивната страна расположен беше Алекс Влах за кој французите немаа одговор, и тој беше ракометарот кој ја одржуваше Словенија во игра. Сепак Франција дополнително го подигна нивото на игра, па при резултат 10-12, направи нова серија од 3-0 по која стигна до највисоки +5 (10-15). Високото темпо на игра не им попречи на упорните Словенци кои полека но сигурно во последните десетина минути го топеа високото француско водство. Мазеј и Влах погодија два пати во последните две минути со што ја донесоа Словенија до поднослива негатива на полувреме од 14-16.

Slovenia vs France, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Katowice, 16.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Во вториот дел се продолжи во слично темпо. Франција многу брзо преку расположениот Ремили стигна до своeто највисоко водство од шест голови позитива. Словенија со брза реализација се обидуваше да се врати во игра но честопати беа брзоплети, па Франција успешно ја казнуваше секоја грешка.До крајот на натпреварот триколороите најчесто успеваа да ја задржат својата предност помеѓу четири и пет голови разлика која прилично рутински ја одржаа до самиот крај за конечни  31-35.

Најпрецизи во репрезентацијата на Франција беа Ремили со 8 и Мае со 7 гола. Кај Словенците најрасположен за игра беше Алекс Влах со 9 погодоци.

 

Останати натпревари:

Јужна Кореја-Исланд 25-38  (13-19)

Црна Гора-Чиле 35-33 (20-18)

Бразил-Зеленортски острови 30-28 (17-15)